еМагазин
Image default
Македонија

И Столтенберг со видео порака: Ве чекаме во НАТО, иднината е во вашите раце

Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача денеска во видео порака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Повторно покажавте храброст, вели во видеообраќање Столтенберг, да го пробиете вашиот сопствен пат кон неизвесност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО.

– Членството во НАТО ќе ви ја даде вам и на вашите деца сигурноста што доаѓа кога сте дел од најуспешната светска алијанса, и ќе даде на вашата земја рамноправен глас во нашите дискусии и рамноправно изјаснување во нашите одлуки, вели Столтенберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николоски од Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците

Редакција

Градоначалникот на Чаир, Ганиу бил на разговор во полиција, добил две прекршочни казни поврзани со посетата на Курти

Редакција

Струмичанецот Стојан Витанов именуван за генерален конзул во Венеција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница