еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Столтенберг денеска во Македонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Во посета на Македонија денеска и утре ќе биде генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во земјава доаѓа во рамките на неговата мини турнеја на Балканот.

Поради неговата посета во Скопје денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим.

– Во вторник и среда (21 и 22. ноември), Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, информираа од МВР.

Фото: НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Редакција

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација 17 лица, од кои шестмина здравствени работници

Редакција

Неверојатно: 70 македонски државјани од Истанбул кои требало да бидат вратени со хуманитарен лет, се откажале заради карантинот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница