еМагазин
Image default
Македонија

Се рушат рекорди: Кај гевгелиското село Смоквица откриени 83 мигранти

Македонската полиција денеска кај село Смоквица пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 малолетни лица, во возило влекач сопственост на фирма и управувано од гевгеличанец.

МВР соопшти дека утрово во 8:10 часот во близина на село Смоквица полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречиле криумчарење мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 83 илегални мигранти од кои 11 малолетни лица. Десет од малолетните лица се од Пакистан и еден од Авганистан, додека меѓу 72-та полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан.

Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се набават дополнителни количества брзи антигени тестови за Ковид-19

Редакција

Антикорупциска комисија: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

Редакција

Силјановска: Посакувам да бидам претседателка кој обединува во овие тешки времиња

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница