еМагазин
Image default
Техно

Уште еден успешен модул на „A1 Academy”  

Преку едукативната програма „А1 Academy” иницирана и спроведена од А1 Македонија уште една група млади на возраст од 18 до 25 години имаа можност да ја реализираат својата страст за учење и стекнување дигитални вештини преку една од најатрактивните и модерни теми – Digital Marketing, информираат од таму.

„Заокружуваме уште еден успешен модул на нашата А1 Академија. Учесниците се уште еднаш покажаа огромен интерес и мотив за стекнување нови дигитални вештини.

Продолжуваме со нашата иницијатива, а тоа е да им се даде на младите доверба и вештини, како и придонес во креирањето и насочувањето на нивниот личен и професионален развој.

Наскоро следува модулот Business Analytics, ги охрабруваме сите млади кои сакат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy,”  изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.

По три недели активни предавања, учесниците имаа можност да ги научат основите на дигиталниот маркетинг, SEO, Google Ads, менаџирање на социјални медиуми и Meta Business Manager како и менаџирање на е-мејл кампањи, преку врвни експерти, професионалци во својата област. Крајот го заокруживме со официјално доделување на сертификати.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет”

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Finance Talks 2025: Забрзана дигитална трансформација и револуција на ВИ

Редакција

Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

Редакција

Биди астронаут на еден ден и направи селфи од вселената: SpaceSelfie мисијата е најновиот технолошки потфат на компанијата Samsung  

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница