еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Општина Куманово поднесе кривична за музејот на УЧК во Сопот

Општина Куманово поднесе кривична пријава за музејот на УЧК во Сопот.

-Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело Узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело Бесправно градење 244-а став 1 од КЗ.

Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.

Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно постапување, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи вели оти музејот во Сопот во кој виси слика на Ахмети не бил на УЧК

Музејот на УЧК во Сопот не е на приватен имот, туку на државно земјиште и е дивоградба, велат од Општина Куманово

(Видео) „Исчезна“ плочата со картата на „голема Албанија„ во музејот на УЧК во Сопот

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу дожд наврна во Прилеп, и денеска врнежи и северен ветер

Редакција

Македонија на 42 место во светот по смртност, според листата на ЦИА на која се рангирани 229 држави

Редакција

Заев со сопругата ќе оди на прием кај Трамп, ќе има ли и прва средба со Мицотакис во Њујорк?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница