еМагазин
Image default
Забава

Предновогодишна концертна бајка на Сара Мејс, Крисмас Грлс и Камерниот оркестар на Битола

Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18.12.2023 година, дефинитивно, е датум резервиран за нова предновогодишна концертна бајка со Сара Мејс и Крисмас Грлс и Камерниот оркестар на Битола.

Под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски концертот ќе донесе комплетна новогодишна еуфорија во Македонската гилхармонија, а и ќе ја оживее премиерата на една поинаква зимска концертна приказна со наслов „Џингл белс симфони“.

Концертот ќе почне во 20 часот и ќе вклучува нови аранжмани за оркестар и пет уникатни женски вокали. Публиката ќе има прилика да ужива во изведбата на светски најпопуларните божиќни песни.

Овој бајковит музички репертоар ќе биде отпеан од исклучителните вокали на Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова, зачинет со звуците на маестралните музичари од Камерниот оркестар на Битола.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Наум Петрески во „Еден на Еден“: За една вечер земав 12.000 марки бакшиш

Редакција

(Фото) Даниел Кајмакоски по третпат стана татко, доби ќерка

Редакција

(Видео) Целиот настап на Ријана на „Супербоул“, на кој откри и дека е бремена по вторпат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница