еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на бензините и дизелот се намалува за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информираше дека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ.

Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на Еуросупер БС – 98, а 76,5 денари на Еуродизел БС (Д-Е V).

Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20. ноември годинава.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,436 проценти, кај дизелот за 0,431 процент, кај екстра лесното масло за 1,330 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,923 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,419 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пивофест во Прилеп од 1 до 3 септември, еве кој се ќе настапи

Редакција

Васко Стефанов ја презеде функцијата директор на ЕСМ

Редакција

Корона вирусот и „пресуди“ на нафтата: Историски најниски цени на црното злато

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница