еМагазин
Е-излог ТОП СТОРИИ

Parfois лансира нов хибриден часовник за следење на дневната физичка активност

Parfois за прв пат лансира часовник кој совршено ги комбинира стилот и функционалноста. Activity Watch е хибриден часовник со едноставен дизајн, кој овозможува следење на дневната физичка активност, добивање на нотификации, повици и фотографирање поврзано со мобилен телефон.

Часовникот се користи со специјално изработената апликација “Parfois Activity” и на тој начин телефонот се поврзува со часовникот преку Bluetooth. Activity Watch Ви овозможува следење на пулсот, колку часови сте спиеле, бројот на чекори и далечината која сте ја изоделе, бројот на согорени калории, а овозможува и поставување на одредени дневни цели.

Activity Watch е достапен во две бои, сребрена и темно сива, а со секој модел доаѓа и дополнително гумено ремче, идеално за носење при физичка активност.  Новиот часовник од Parfois е одличен за оние кои имаат здрав начин на живот, спортуваат и водат сметка за своите дневни активности.

Часовникот може да се најде во продавницата на Parfois во Skopje City Mall.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекабел ја зголемува цената на претплатата за кабелска телевизија

Редакција

„Дурмо турс„ сам на себе си правел технички преглед: Лавина од реакции на социјалните мрежи

Редакција

Нови 617 случаи на Ковид-19 од 4.621 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница