еМагазин
Локално

Скопјанка претепана од свршеникот

На 23.09.2018 година во 19,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “ Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена повредена С.П. од Скопје која била физички нападната од нејзиниот свршеник С.Ф, информира МВР.

Имено, истиот ден околу 11,00 часот С.П. отишла во домот на нејзиниот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18,40 часот истата со такси возило заминала во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се случила сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица: Детали од МВР

Редакција

59-годишна жена загина во пожар во куќа во Лозово

Редакција

Пукање во кафана во Прилеп: Повредени двајца мажи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница