еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Несфатливо ми е, како и зошто моето преубаво девојче сега е во гроб,“ вели мајката на Вања за српска „Република“

Не сум во состојба да зборувам, се уште не знам зошто ова се случи. Се уште го чекам епилогот од сето ова. Се уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол, вели за српска „Република“ Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска.

„Само ми е несфатливо како и зошто моето преубаво девојче сега е во гроб. Јас имам хронична болест, но се држам, само ми е важно да ја дознаам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добра.

Ве молам, премногу ве молам да почекаме да дознаеме зошто ова се случи,“ изјави Ѓорчевска.

Во однос на нејзиниот поранешен сопруг кој е во притвор таа изјави дека се разведени пет години и не знае што и со кој работел.

“Бевме во добри односи заради децата. Не се каравме околу старателство, воспитување, смееше да ги види кога сака или децата кога ќе посакаа“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен

Како е грабната и убиена Вања?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што поголеми бројки на заразени толку поголеми казни за неносење маски, дури 899

Редакција

Поглаварот на ИВЗ и Ангелов со заедничка осуда за скандирањето „УЧК„ и „Голема Албанија„ на протестот за „Монструм“

Редакција

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на излезот од Битола кон Прилеп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница