еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

Инвестирањето во своите капацитети, како и постојаното подобрување на понудата и на услугите за потрошувачите се приоритети на „Макпетрол“ и во таа насока, компанијата неодамна целосно ја обнови и ја пушти во употреба бензинската станица во Тетово, информираат од таму.

Снабдувањето со нафтени деривати, гас и био-горива отсега граѓаните ќе го прават во станица со современ и функционален изглед, која што ги исполнува највисоките технички и безбедносни стандарди.

На обновената бензинска станица во Тетово се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Новата генерација на овие горива е базирана на технологијата Dual Action, а на бензинската се достапни тие со 95 и 100 октани, дизелот, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue.

Исто така, во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Kако најголем дистрибутер на горива во земјата, „Макпетрол“ континуирано ги обновува бензинските станици. Преку овие инвестиции компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти, а тоа ја потврдува посветеноста на задоволување на потребите на потрошувачите, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шокантен извештај на 695 страници: Од 1950 до 2010 година во Илиноис 451 католички свештеници злоставувале најмалку 2.000 деца

Редакција

Полицијата откри арсенал со оружје за „мала војна“ на нива во струшко

Редакција

Министерката Божиновска се уште има бугарско државјанство, тврдат бугарските медиуми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница