еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Краткиот филм „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески со новогодишна премиера на HBO Max

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на една од најголемите светски онлајн платформи HBO Max. Ова е голем успех за продукцијата Минимал колектив, за актерите и екипата и уште еден подвиг на македонската кинематографија.

Сите љубители на кратката форма на филмови во 21 земја во Европа, вклучувајќи ја и македонската публика, ќе можат да го погледнат филмот од 1. јануари 2024 на програмите на европскиот сервис на HBO Max.

Главната улога во филмот ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите улоги се: Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска Србиновска.

Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска. Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Жанета Димитриевска, снимател на тон Бојан Паликуќа. Монтажата ја изработи Мартин Иванов.

Филмот е во продукција на Минимал колектив Скопје и Сет Сеил Филмс од Белград.

Продуцент е Ивана Шекуткоска, а копродуцент е Андријана Софраниќ Шуќур.

Дистрибутер на филмот е француската компанија Премиум филмс со седиште во Париз.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Македонија и Филмски центар Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јахоски од домашен оди во затворски притвор, Кривичен ја прифати жалбата на Обвинителство

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 844.000 евра

Редакција

Бугарија испраќа во Македонија 25 пожарникари, 3 противпожарни и 2 амбулантни возила

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница