еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Ме сакаш кога ме нема“, нов хит од Лара Иванова

Лара Иванова е дефинитивно една од најуспешните млади музички артисти од домашната сцена. Со секој нов музички проект успева да го привлече целото внимание од јавноста и да го држи првото место на листата со најслушани песни. И овојпат не разочара, „Ме сакаш кога ме нема“ е ново хитовско музичко парче со атрактивен видео-запис.

Целиот проект е во чекор со светските музички стандарди. Автори на текстот и на музиката се Лара Иванова и Лазар Цветковски, за снимањето на спотот се погрижи Томислав Живковиќ.

Главната машка улога во спотот ја има Филип Додевски, а со улогите на Миа Ристеска, Анастасија Сиданова, Јована Лалчевска, Тина Димовска, Калина и Александар, спотот доби посебно модерна динамика.

Лара Иванова е препознатлива по тоа што секој нов проект е апсолутно различен од претходниот и токму поради тоа за домашната музичка сцена остава песни со нови трендовски призвуци. „Ме сакаш кога ме немаш“ има певлив и заразен ритам, а текстот е вистинско ремек-дело зад кое се крие силна емоција со љубовен мотив.

„Полудена по тебе“, „Некогаш ќе помине“, „Бела“, „Само сврти се“ се само дел од успешните музички проекти на Лара Иванова, а со „Ме сакаш кога ме нема“ ќе ја дополни својата хит-колекција.

Од првото сценско појавување до сега, Лара бележи само големи успеси и иако е млад артист, нејзиниот глас ги освојува сите генерации. Лара Иванова полека станува македонски музички бренд, кој докажува дека соништата може да станат реалност.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Газа досега загинале 9.770 лица, од кои 4.800 се деца, а 2.550 жени

Редакција

Кој стои позади лажните дојави за бомби во скопските училишта

Редакција

(ФОТО) Настап на „Рацинови средби“: „Танец“ се враќа на сцената по една година пауза поради пандемијата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница