еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Времена забрана да не се бараат податоци за националност во изводите за родени, венчани и умрени лица

Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста на три челна од Законот за матичните книги, во кои е содржан зборот националност во изводите на родени, венчани и умрени лица, информираше денеска Христина Беловска, портпаролка на Судот.

„Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно, покрај наведените лични податоци, како што се името, презимето, податоците за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги за родените, венчаните и умрените лица.

Според судот, припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува за ова. Токму поради тоа е поведена постапката“, рече Беловска.

Уставниот суд смета дека оспорените одредби не се во согласност со Уставот, со владеењето на правото и не ја гарантираат тајноста на личните податоци.

„Од денеска, па сѐ додека судот не ја донесе конечната одлука, не смее од граѓаните да се бараат вакви податоци за впишување националност во изводите за родени, венчани и умрени лица, со оглед на тоа што е донесена таканаречена привремена мерка“, рече Беловска.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција

Редакција

Од следната среда за 10% пониски цени за над 50 основни прехранбени производи

Редакција

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница