еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Милен Врабевски, кој го финансира новото бугарско здружение во Битола, „Балкански мост“

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој ги финансираше затворените т.н. бугарски клубови „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Ванчо Михајлов“ во Битола е финансиер и на ново бугарско здружени во Битола, „Балкански мост“, формирано пролетта мината година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски финансира ново бугарско здружение во Битола, „Балкански мост“

Токму пролетта 2023 година, во мај, Врабевски од Министерството за внатрешни работи доби забрана за влез во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР забрани влез за европратеникот Ковачев и Врабевски, реагираше бугарското МНР

Кој е Врабевски

Врабевски е основач и директор на бугарската клиника „Комак Медикал“, која работи на проекти за истражување и развој во клиничката медицина. Компанијата спроведува истражување во 28 земји, покривајќи ја Европа, Азија и Северна Америка.

Врабевски е сопственик и на образовниот институт „Цар Симеон Велики“.

Во 2010 година, Врабевски ја основал музичката продуцентска куќа “Интелигент мјузик“ за популаризација на современата бугарска музика и култура.

Врабевски е основачки претседател и на фондацијата “Бугарска меморија“, основана во 2007 година, преку која денеска финансиски помага бугарски клубови во Македонија, но и во Албанија.

За “браќата и сестрите“ од Македонија

На македонската јавност, Врабевски и стана познат кога за време на ковид-пандемијата организираше вакцинирање против Ковид-19 за “браќата и сестрите“ од Македонија во Бугарија, промовирајќи ја тезата на официјална Софија дека во Македонија има 120 илјади бугарски државјани.

Активен е и во барањето “Бугари“ во Албанија, иако тамошното население му вели дека се Македонци, како што има изјавено и самиот, тој не се откажува, како што вели, од „помагање“.

Фото: Комак Медикал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 416.614 вакцинирани со две дози со Ковид-19 се заразиле 167 лица, 11 биле хоспитализирани

Редакција

Осум до 10% од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста

Редакција

„Насир Туризам“ го доби тендерот за општина Гостивар за превоз на ученици вреден 44 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница