еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети пеел во кабинетот на Груби, не за роденденот, туку за Денот на албанската азбука

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети пеел во кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби во зградата на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците на 22. ноември 2022 година, на Денот на албанската азбука, а не вчера кога му беше роденден, вели Груби за телевизијата 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ахмети пак славеше роденден во кабинетот на Груби, со цигари и музика

На снимката која ја објави Груби се гледа и чад од цигари, што е забрането и казниво, како што е забрането и казниво и злоупотреба на државни институции за партиски цели и дружби.

Груби минатата година во неколку наврати доби предупредување од Антикорупциската комисија за партиска злоупотреба на државните ресурси.

За време на пандемијата со Ковид 19, Ахмети, заедно со други функционери на ДУИ, без маски, славеше роденден во канцеларијата на Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Без маски се славеше роденденот на Ахмети во новиот објект на министерството со кое раководи Груби

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција

Допрва ќе се прави проценка дали треба да се набави руската вакцина против Ковид-19

Редакција

За 24 часа 608 казни за неносење маски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница