еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Еврото ќе биде единствена валута во Косово од 1. февруари

Централната банка на Косово (ЦБК) одлучи од 1. февруари, единствена валута за плаќање во таа држава да биде еврото.

„Единствена валута дозволена за вршење на готовински платен трансакции – во готовина во платниот систем во Република Косово е еврото, исто така, единствена валута според член 11 од Уставот на Република Косово и членовите 16, 17 и 18. од Законот бр.03/л-209 за Централната банка на Република Косово“, се наведува во член 34 од Регулативата на ЦБК за готовинско плаќање, а пренесуваат косовските медиуми.

Со оваа одлука, се доведуваат под знак прашање платежните трансакции со Србија.

Во областите со мнозинско српско население во Косово се користи официјалната валута на Србија – динарот. На вработените во српските инситуции, како и пензиите во српскиот систем, детскиот додаток и социјалната помош се исплаќаат во динари.

Динарот се користи и во трговските објекти во српските области во Косово.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Психијатриската болница за набавка на екстра лесно масло вреден 238.000 евра

Редакција

Нови 393 случаи на Ковид-19, во Скопје 187

Редакција

Има негативен тест за Ковид-19, но Царовска оди во самоизолација, имала средба со Зекири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница