Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември лани, изнесувала 38.359 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС, најниската просечна нето-плата во овој период е во секторот Заштитни и истражни дејности – 19.957 денари, следи Услуги поврзани со одржување згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 23.602 денари, па Производство на кожа и слични производи од кожа – 24.789 денари, Рибарство и аквакултура – 24.907 денари и Производство на облека – 25.438 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највисоки просечни нето-плати во ноември лани
Во кој сектор е највисоката просечна бруто-плата во ноември лани
Просечната нето плата во ноември лани, 38.359 денари