еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Индустриското производство во декември лани намалено за 5,8%

Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во 2023 година споредено со 2022 година бележи раст од 0,7 проценти. Во декември 2023 година во однос на декември 2022 година, пак, индустриското производство е намалено за 5,8 проценти.

Гледано по сектори, во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, индустриското производство бележи опаѓање од 3 проценти во Рударство и вадење на камен, од 3,2 проценти во Преработувачка индустрија и од 23,2 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на електрична опрема.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23,9 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти, додека пораст има кај Капитални производи за 22,6 проценти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Редакција

Ја повикувам ЕУ да стави крај на фашизоидни и хегемониски намери на официјална Софија, повика Мицкоски

Редакција

Тихомир Петрески избран за претседател на Управниот одбор на „Триглав пензиско друштво“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница