еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штрајкот на Фондот за здравство може да ги остави пациентите без боледувања и лекови, лекарите без плата

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) од денеска стапуваат во штрајк, а ќе се работат само најитните предмети.

Матичните лекари предупредуваат дека ќе се појават проблеми како за пациентите, така и за лекарите.

Доколку штрајкот продолжи ќе има проблеми со комисиски решенија за боледувања, матичните лекари ќе останат без исплата на капитациони бодови, ќе има проблем за рецептите за лекови, како и за платите во јавното здравство.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице, лекување во странство за итни случаи, а само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи,“ информираа од Синдикатот на ФЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фондот за здравство од понеделник ќе штрајкува, ќе се работат само најнужните предмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна расчистувањето на „Треска“, ако не се измени ДУП-от ќе се издаваат градежни дозволи

Редакција

Што предвидува законот: Какви се казните за непочитување на полицискиот час кој започнува од вечерва?

Редакција

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница