еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Благодарници од Сојузот на здруженија на пензионери за Клиника Жан Митрев

За покажаната грижа, нега и бесплатните кардио прегледи спроведени со здравствениот караван „Здравје за сите“, претставници на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија доделија благодарници на Клиника Жан Митрев и на докторите кои ги спроведуваа прегледите, информираат од Клиниката.

Благодарниците беа доделени од страна на претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, како и претседателите на здруженијата од сите градови од Македонија.

„Здравствениот караван“ што се одвиваше во текот на изминатата година беше дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиничката болница Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија. Тим доктори специјалисти кардиолози од Клиника Жан Митрев правеа бесплатни специјалистички кардио прегледи за пензионерите од целата држава, а целта беше да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба.

Со активностите на караванот беа опфатени повеќе од 500 пензионери од целата држава, при што беа донирани прегледи во вредност од над 2.250.000 денари. Клиниката Жан Митрев со овој караван ја зголеми грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливите категории и оние без можност за консултации со доктор.

Караванот „Здравје за сите“ се спроведе во 2 фази. Во првата фаза беа опфатени пензионерските здруженија од 11 града од Источна и Западна Македонија. Додека во втората фаза беа опфатени 14 пензионерски здруженија од Скопје кои испратија свои членови со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Големи филмски имиња снимаат во Македонија

Редакција

На претстижниот саем ISM 2020 во Келн, „Витаминка“ се претставува осма година по ред

Редакција

ТАВ Аеродроми донираше 160 оброци за бездомни лица на пунктот Момин Поток на Црвениот крст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница