еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“ го повлекла барањето за летови од Атина до Скопје

Грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“ денеска до македонските воздухопловни власти доставила барање за одобрување на летови во зимската сезона, но по два часа го повлекла, објави Независен.

Според првичното барање, „Ејџијан“ би летала на релација Атина – Скопје – Атина, во вторник и четврток.

„Нема образложение за повлекувањето на барањето“, велат за Независен од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

„Ајџијан“ побарала да почне да лета на 1. ноември. Летовите во четврток би биле попладневни, од Атина би полетувале во 16,40 со слетување во Скопје во 17,55 часот. Во 18,25 би бил летот за Атина, со слетување во 19,40 часот.

Летовите во вторник се утрински, со полетување од Атина во 7 часот а слетување во Скопје во 8,15. Потоа, од Скопје би полетувале во 8,45 и слетувањето во Атина би било во 10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна авионска линија Атина-Скопје-Атина од 1 ноември

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајката на убиените деца во Цетиње трчала по убиецот за да ја убие и нејзе, сите убиства извршени за 30 минути

Редакција

Пријавени само една третина од очекуваните: Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година завршува во понеделник

Редакција

Од недела пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница