еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака

Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на турнирот од светската премиер лига, Серија А, што се одржа во Ларнака, Кипар.

Претставничката на скопскиот клуб беше меѓу 946 натпреварувачи од 83 држави што се бореа за највисоките признанија.

Заборска во елиминацискиот дел забележи три убедливи победи, а во осминафиналето заработи тешка повреда на носот на пет секунди пред крајот со Ксенија Дрончанка од Полска. По ова, македонската натпреварувачка доби лекарска забрана да ги продолжи борбите.

Нејзината противничка во четвртфиналето Мирна Атија од Египет се пласира во финалето, но забраната за настап ја ограничи Заборска и таа на крајот го зазеде високото седмо место во конкуренција на 96 спортистки во категоријата под 55 килограми.

Заборска ги оствари следните резултати против: Софи Сантило (Англија) 4-1, Лаура Бергант (Словенија) 3-1, Ксенија Дрончанка (Полска) 1-0, Мирна Атија (Египет) 0-0. Викторија Јовановска ја победи Алис Варџиу од Италија, но беше поразена од холандската спортистка Ашлеј Какијај. Давид Петков оствари три победи и тоа против: Јевгени Середа (Украина) 4-2, Алесандро ди Марко (Италија) 1-0 и Џоби Вилсон (Англија) 4-1. Петков беше поразен од Украинецот, Валентин Наида.

Витомир Трајковски ги совлада Давид Шетохин (Украина, 6-1) и Хон Ибара (Шпанија, 3-0), но беше поразен со 2-1 од Нико Мантере од Финска.

Останатите резултати на каратистите на „Макпетрол“ се: Петар Заборски Саман Едалати (Иран) 0-3 и Петар Спасеновски Аро Туоминен (Финска) 3-6.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светско, а наше! Даниела Алексовска – рангирана на трето место во светот!

Редакција

Пријавувањето на Skopje Run 10K завршува на 1. октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број на учесници

Редакција

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница