еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Сопственикот на кафулето „Барон“ во кое беше подметнат пожар е во Идризово

Кафулето „Барон“ во скопски Чаир, во кое беше подметнат пожар и кое го носи името на истоимената криминална група „Барон“ и нејзиниот член Гани Туша, чиј татко Зељќиф Туша беше убиен неколку часа подоцна, се топ тема, а поврзаност помеѓу двата инциденти кои ја вознемирија јавноста истражува Основното јавно обвинителство Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство проверува дали постои поврзаност помеѓу убиството на Туша и пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

(Видео) Објавена снимка од подметнувањето на пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

Сопственикот на кафулето, Јусуф Аќифи моментално е во затвор во Идризово, а на една од фотографиите кои ги објавил на социјалните мрежи, како што објави Фокус, може да се види во друштво со водачот на друга криминална група “Беланоца“, Фатњум Ајети – Тоте, кој е во истиот затвор поради трговија со дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Гани Туша, осомничениот за убиството на Оки, чиј татко е убиен

Туша, како што е познато е осомничен за убиството на еден од водачите на криминалната група „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки, соперничка група на „Барон“ и “Беланоца“, како и на групата „Грчец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај во Скопје: Киднапирале крадец откако „олеснил“ казино

Редакција

Поради негативни коментари, Град Скопје ја прекина кампањата во која наградуваше парично фотографии од седење дома

Редакција

(Видео) Синот на Џон Ленон во чест на Украина за првпат ја изведе култната “Imagine”

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница