еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Февруарските сметки за парно за училиштата, деловните корисници и јавните институции се намалуваат за 35%

Февруарските сметки за парно за училиштата, деловните корисници и јавните институции се намалуваат за 35%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Од РКЕ информираат дека пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север

-Овие корисници трошат 20% од потребните количини на топлинска енергија на ниво на Град Скопје и меѓу нив се образовни институции, деловни корисници: мали дуќанчиња, компании, банки, итн..

Вонредната одлука доаѓа по сеопфатна длабинска вкрстена анализа на актуелните цени на берза и прогнозираните цени на приодниот гас.

Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои пак во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки. За разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија, а само од старт на грејната сезона до сега приклучени се околу 1.000 нови корисници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во јуни 71,4% од потрошената струја од домашни извори

Редакција

Во ноември 89% од потрошената струја е од домашни извори

Редакција

Славјанка Петровска најави кандидатура за претседател на СДСМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница