еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најголем број од заболените со голема кашлица се деца на возраст до 4 години

Во последниот извештај за состојбата со голема кашлица, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека во периодот од 23 до 29.02.2024 година се пријавени 56 нови случаи на голема кашлица.

Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје (n=54), а пријавени се случаи и во Струмица (n=1) и Дебар (n=1).

-Возраста на заболените се движи од 0 до 70 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години (n=16).

Од новите 56 случаи, 3 случаи (5,4%) се хоспитализирани (2 деца на возраст под 1 година и едно од возрасната група од 1-4 години), стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Заклучно со 29.02.2024, во Македонија се регистрирани вкупно 123 случаи на голема кашлица, со инциденца од 6,7/100 000 жители.

По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 109 (88,6%) во девет различни општини, 5 лица се од Тетово, 4 лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.

-Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години (медијана 11,3 години).

Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 20 случаи (16,3%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 17 (13,8%) се деца на возраст од 1 до 4 години, а од возрасната група 10- 14 години се пријавени 28 случаи (22,8%).

Од вкупниот број на регистрирани случаи (123), 77 случаи (односно 62,6%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.

Од заболените, регистрирани се 27 лица со хоспитализација (22,0%) и тоа 22 (81,5%) од нив на возраст до 4 години, стои во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик до туристичките работници од Охрид, Дојран, Преспа, да овозможат бесплатно летување за децата со посебни потреби, од социјално загрозени семејства и децата на самохрани родители

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на нафтени деривати вреден 1,1 милион евра

Редакција

СЗО за „АстраЗенека“: Врската со ретките згрутчувања на крвта е веројатна, но не е потврдена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница