еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тошковски ги повика Џафери и Османи да помогнат во фотографирањето за лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги повика техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи, да помогнат околку фотографирањето на граѓаните за да извадат нови документи.

Овој одговор на министерот следи, откако Џафери денеска изјави дека 100.000 граѓани за 50 дена, ќе може да извадат нови документи, за да може да гласаат.

„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР.

Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, изјави Тошковски.

Тој уште еднаш ги повика партиите во Собранието да се договорат и да ги изгласаат измените на Изборниот законик, за граѓаните да може да го остварат своето демократско право на глас и со старите документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

100.000 граѓани за 50 дена до изборите можат да извадат документи, смета Џафери

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

52-годишник од Богданци осомничен за обљуба врз малолетничка

Редакција

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Редакција

12-годишно дете претепано и премрзнато најдено на улица во Велес

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница