еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Агрон Речи, државниот правобранител чии угостителски објект беше опожарен

Државниот правобранител Агрон Речи од Охрид е во фокусот на јавноста откако вчера му беше опожарен угосителскиот објект во склоп на градскиот пазар Охрид.

Јавното обвинителство Охрид истражува дали пожарот бил подметнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал државен правобранител.

Каков имот пријавил

Како заеднички имот пријавил деловен објект од 34 метри квадратни во Охрид.

На свое име нема друг недвижен имот.

На име на родителите пријавил неколку парцели земјиште во Охрид.

Во неговиот анкетен лист нема наведено дека тој или некој друг од неговото семејство поседува куќа или стан.

Вози дури три возила, Мини купер, Голф и Фолксфаген фокс, а пријавил и Веспа.

Приходи има и од закуп, на име на сопругата пријавил и удели, но не навел каде, а на свое име има кредит од 5,8 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен до Петков: Бугарија да помогне за реализација на ветувањето од 2020 за старт на преговрите со Скопје и Тирана

Редакција

МВР склучи договор со “Годомин“ вреден 518 илјади евра

Редакција

Грција и Бугарија загрижени за случувањата во Македонија, Радев вели нема репреговарање на „францускиот предлог“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница