еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Возачот на Палчо до Турција ослободен од притвор

По предлог на надлежен обвинител, Судот го укина притворот за Стефан Димовски, лицето кое до Турција го пренесе Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата и киднапирањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На Димовски, кој е осомничен за помагање при бегството, определени му се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола,“ информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Јавното обвинителство, информираа дека максималното законски возможно траење на притворот за кривичното дело за кое се сомничи Димовски е три месеци.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост,“ велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Разбиена“ криминалната група „Барон„: За убиство наплаќала од 10.000 до 250.000 евра

Редакција

Шоурумот за македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ слави роденден

Редакција

Од денеска започна да функционира јавниот градски превоз во Струмица, со новите електрични автобуси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница