еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаични системи

Електродистрибуција, за сите заинтересирани дистрибутивни производители, на својата веб страна www.elektrodistribucija.mk стави на располагање интерактивна мапа на која e прикажан моменталниот капацитет на високонапонските трафостаници за приклучување на фотоволтаични системи, информираат од таму.

Отсега, сите заинтересирани имаат можност во било кое време да ја проверат состојбата на капацитетите со кои располага електродистрибутивниот систем, како и состојбата во поглед на исполнетост на капацитети земајќи ги предвид и сите потенцијални производители со отпочнати постапки за приклучување во дистрибутивната мрежа.

Мапата содржи и останати детални информации во врска со локациите на трафостаниците, податоци за сумарната моќност на инсталираните трансформатори во рамки на трансформаторската станица, процент на исполнетост на трафостаницата во моментот на ажурирање на податоците за дистрибутивни производители кои се веќе вклучени во дистрибутивниот систем и процент на исполнетост на трафостаница за дистрибутивни производители кои веќе имаат отпочнато постапка за: урбанизација, барање за градежна дозвола или имаат поднесено барање за приклучок кон електродистрибутивниот систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО ДПМНЕ: Зголемувањето на даноците ќе придонесе за даночна евазија и пораст на сивата економија

Редакција

(Фото) Parklend Hospitality Group одбележа 4 години од своето постоење

Редакција

Емилија бара спас од сопругот: „Kрши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница