еМагазин
Image default
Македонија

Комисија при Обвинителство: До 10 часот не е пријавен кривично правен или посериозен инцидент

Комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот информира дека до 10.00 часот утринава не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент кој би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во Глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот.

Во соопштението наведуваат дека дежурни јавни обвинители во сите Основни и Виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење на сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот.

– Јавното обвинителство е во постојана комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи и дадени се насоки за итно преземање мерки за прибирање докази за евентуално сторени противправности и попречување на правото на глас на граѓаните, стои во соопштениет во кое се додава дека јавното обвинителство во континуитет ќе продолжи будно да ги следи случувањата во текот на денешниот ден.

Посочуваат дека за сите незаконитости веднаш ќе бидат преземени со закон определените мерки согласно надлежноста на јавното обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љупчо Палевски осомничен дека ги убил Вања и Панче, на 30. ноември прво избегал во Белград, па во Бугарија

Редакција

Нови 807 случаи на Ковид-19 од 3.312 тестирања, во Скопје 359

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид-19, бројката на активни се намали под 10.000

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница