еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само Стевчо Јакимовски од претседателските кандидати не го потпиша Кондексот за фер и демократски избори

Сите кандидати за претседател на Македонија, освен кандидатот на ГРОМ и градоначалник на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во просториите на Државната изборна комисија го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори.

Со потпишувањето тие се обрзаа на почитување на изборните закони, правила и прописи, како и владеењето на правото при организирање и спроведување на изборите.

Јакимовски пак изјави дека е незадоволен, бидејќи нема да има предизборни мастер дебати, како што предложи актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој е во трка за нов мандат.

Дебатите се откажани бидејќи немало услови за нивно одржување.

-Кодексот ќе го почитувам, но ако немаме дебати нема да го потпишам, изјави тој и посочи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани, земајќи големи средства.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар

Редакција

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

Редакција

Штипјанка доби коскено ткиво од починат донор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница