еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска стартува кампањата за првиот круг од претседателските избори, ќе трае до 22. април

Денеска стартува кампањата за првиот круг од претседателските избори, која ќе трае до полноќ на 22. април.

Како што е познато во трката за нов претседател на Македонија се две жени, професорките Гордана Силјановска-Давкова, зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Билјана Ванковска, кандидат на опозициската Левица, актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ, Бујар Османи, кандидат на владејачката ДУИ, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „Вреди“, Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ и Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24. април, а вториот на 8. мај, заедно со парламентарните избори.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките

Редакција

14 лица не го почитувале полицискиот час, 534 казни за неносење маска

Редакција

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница