еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Талат Џафери не гласал, го немало на избирачкиот список

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва соопшти дека не гласал на референдумот поради тоа што неговото име го немало на избирачкиот список.

„Не можев да го искористам демократското право, моето име не беше на избирачкиот список. Се надевам дека се работи за изолиран случај, и дека немало други вакви случаи“, изјави Џафери.

Тој рече дека референдумот ќе биде основ за идните процеси кои ја очекуваат земјата во идниот период.

„Граѓаните денеска со референдумот ги поставија темелите на иднината на Македонија. Се надевам дека ова е една подобра иднина, и овој ден ќе биде основа за идните процеси кои нè очекуваат во следниот период. На крај дозволете ни да им честитам на граѓаните за овој значаен ден“, рече Џафери.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори, вклучително и од Договорот од Преспа

Редакција

(Фото) Wine Berry нов вински бар и продавница со уникатен концепт: Може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд

Редакција

За една недела дури 80 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница