еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

За САД референдумот е успешен: Политичките лидери да се издигнат над партиските политики

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот.

„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет.

Со оглед на тоа што македонскиот Парламент сега започнува со разгледување на уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен член на западните институции“, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека Македонија и „фаќа сеир“ за Груевски, Владата разгледуваше ценовник за отстрел на дивеч

Редакција

(Фото) Кој е инвеститорот на “Набизи Ритеил Парк“ во Струга, кој се отвори денеска

Редакција

Министерката Петровска го тужи пратеникот Ковачки, судењето на 30. ноември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница