еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Гркот Михалис Токас номиниран за нов евроамбасадор во Македонија

Грчкиот дипломат Михалис Рокас е номиниран за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година.

Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во рамките на редовната дипломатска ротација, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот.

Фото: Кабинет на претседателот/ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 34 лица од Ковид-19, најмладиот на 42 годишна возраст

Редакција

„Роби“ и понатаму ги гази „Македонски Телеком“ и „А1“ во бројот на претплатници на две услуги

Редакција

Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија, ќе успее ли да направи влада?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница