еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид регистрираше уште едно друштво во Хрватска

Македонската компанија Алкалоид АД Скопје, една од нашите најголеми извозници, регистрираше уште едно, трето по ред, друштво во Хрватска.

Од компанијата преку Македонската берза информираа дека исто е регистрирано под името Алкалоид фарма интернационал ДОО Загреб.

Тоа е 100% во сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Неодамна генералниот директор и претседателот на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, најави дека новото друштво се отвара за потребите на компанијата за работењето во Европската Унија (ЕУ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид отвара уште една компанија во Хрватска, открива Мукаетов во интервју за „Јутарњи лист“

-Имајќи предвид дека 69% од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари.

Во таа насока, новоотворениот правен субјект е осми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија.

Со ваквиот потег Алкалоид продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, за развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

Алкалоид донираше течен „Омепразол“ со кој ќе помогне во лекувањето на околу 200 деца

Becutan kids vits на Алкалоид ја освојува и далечната Монголија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 239 оздравени пациенти од корона вирусот

Редакција

Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60% од БДП, тврди Бесими

Редакција

Поради шпионажа за фирмата „АТС груп“ од Македонија во Србија приведени тројца инжинери од „Крушик“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница