еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Иванов: Владеачкото мнозинство да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот

Не е исполнет законскиот цензуз. Колку и да ја извртувате не можете да ја промените реалноста. Време е за одговорност пред македонскиот народ. Поддршката за ЕУ и НАТО е колатерална штета. Од над 80 отсто поддршка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, ја сведовте на само 36 отсто, изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов.

Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Вчера, Република Македонија остана непоразена. Да живее Република Македонија! – Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Posted by ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА on Понеделник, 01 октомври 2018

„Држава не се води со слободно и неовластено толкување на Уставот и законите. ОБСЕ сериозно треба да ги земе предвод нерегуларностите. На оние кои непринципиелно заземаат страна треба да се повикуваат да ги почитуваат меѓународните конвенции“, рече Иванов.

Тој повика да се почитува волјата на народот кој вчера јасно ја покажа својата суверена волја.

„Јас верувам во историјата и амбицијата на македонскиот народ. Им честитам на македонскиот народ, на Албанците, на Турците, на Ромите… на сите граѓани. Само цврсто сплотени околу државните интереси може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО.

Немаме дилеми дека сме за таму, но достоинствени, без уцени и со исполенти стандарди. Да го изградиме националниот конзензус во оставрување на нашите стратешки интереси. Народот секогаш носел мудра одлука. Наше е да ја почитуваме таа одлука. Владеачкото мнозинство треба да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот. Големина на човекот е да го признае поразот. Македонија остана непоразена“, рече Иванов.

Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР потврди: Груевски е во Будимпешта

Редакција

САД тестираа хиперсонично оружје, кое Русија веќе го употребува во Украина

Редакција

Се јави Уставниот суд: Со коментари и прејудицирање се врши упад во нашата работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница