еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро

Членот на скопски „Макпетрол“, Петар Спасеновски, се пласира меѓу осумте најдобри спортисти на турнирот од Светската карате-лига во Каиро. На силниот меѓународен собир во Египет, тој го освои првото место во групата со три убедливи победи во елиминацискиот дел.

Спасеновски во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (1-4). Со овој резултат каратистот на „Макпетрол“ се вброи меѓу осумте најдобри во светот. Заедно со Петар Заборски, како најдобри каратисти на Македонија, тие потврдија дека се во добра форма пред Европското сениорско првенство кое треба да се одржи од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

Петар Спасеновски се натпреваруваше во категоријата под 84 килограми, а ова се неговите резултати против: Данијар Јулдашев (Казахстан) 9-6, Константин Цимбал (Украина) 4-1, Енес Гарибовиќ (Хрватска) 5-1, Валери Соникин (Украина) 1-4.

Петар Заборски се натпреваруваше во категоријата под 75 килограми и ги оствари следните резултати против: Мухамед Абудабус (Либија) 2-1, Енцо Бертон (Франција) 0-2, Абдала Хешам Абделгавад (Египет) 1-3.

Заборски и Спасеновски беа единствени учесници од Македонија на турнирот во Египет. Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа во топ 32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.

Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го слави Илинден

Редакција

Убава вест: 707 оздравени од Ковид-19

Редакција

Инвестиција од 270 милиони евра: Француски „Акуо Енерџи“ ќе гради соларен парк за 94.000 домаќинства кај Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница