еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Арменд Ајредини од Македонија второнаграден на регионалниот конкурс за карикатури, организиран од холандското МНР

Карикатурата изработена од Арменд Ајредини од Македонија го освои второто место на регионалниот конкурс за карикатури организиран од Министерството за надворешни работи на Холандија и организацијата Картун мувмент.

Првата награда му е доделена на Душан Перишиќ, карикатурист од Србија.

Амбасадорот Дирк Јан Коп ги објави победниците и ја отвори изложбата од избрани дела која ќе биде претставена во сите шест главни града на државите од Западен Балкан.

По повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите Министерството го објави конкурсот на кој се пријавија 95 уметника со  вкупно 186 дела. Независното жири составено од експерти од сите шест држави избра 44 карикатури кои ќе бидат изложени во Ист Гејт Мол во Скопје до крајот на месецот.

Фото: Холандска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за полицаец кој на граничниот премин Долно Блаце примил поткуп

Редакција

Коробкина за „еМагазин.мк“: Какви сервисни лидери се потребни, за да се мотивираат вработените во исполнување на деловните цели

Редакција

(Галерија) „Мал Битолски Монмартр“ во Бигорски: Деца од цел свет ја цртаа архитектурата на манастирот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница