еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Овчар останал „заробен“ со овците заради надојдената Црна Река

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 20.04.2024 година во 17.30 часот во ОВР Кавадарци, Г.Ц. (49) од село Габревци, Општина Конче, пријавил дека, додека го напасувал стадото овци по речното корито на река Црна Река во близина на село Манастирец, кавадаречко, надошла реката и му го ограничила движењето и заедно со овците останал на копно обиколен со вода.

Преку ХЕЦ „Тиквеш“ било интервенирано да се запре водата во реката, по што од страна на полициски службеници Г.Ц. и овците безбедно биле пренесени на брегот.

За настанот биле известени Територијална противпожарна единица Кавадарци и Центар за управување со кризи Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Денес се обедини Југославија“: Твитер реакции за масовнатата вакцинација на македонски граѓани во Србија

Редакција

(Галерија) На вкусна чорба од печурки во ресторан „Планинска куќа“ во Жировница

Редакција

Кој е Ларис Гајсер кој ја објави снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница