еМагазин
Локално

Едногодишно бебе повредено во сообраќајка на „Илинденска“

На 01.10.2018 година во 11.30 часот на булевар „Илинден“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(36) од Скопје, патничко возило „Тојота корола“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(45) од село Калниште и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано, сопственост на Л.Д.(49) од Тетово, информира МВР.

„Во незгодата С.К., сопатник во возилото „Сеат Толедо“ се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.К. и неговиот едногодишен син се здобиле со повреди и биле пренесени во Ургентен центар. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, сооппшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник во Скопје испрскан со солзавец

Редакција

Барикади на пругата го запреа возот Битола-Скопје

Редакција

Полицајци извлекоа шест лица завеани во прилепско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница