еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Претставата „Свет без жени“ гостува во Скопје

Претставата „Свет без жени“ на авторките Олга Димитријевиќ и Маја Пелевиќ, ќе биде изведена на 16. мај на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје со почеток во 20 часот.

Претставата ја освои наградата од публиката на Фестивалот БИТЕФ во 2022 година.

По изведбата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – Дијалогот што недостасува, ќе следи разговор со авторките модериран од Калиа Димитрова од Медуза.

Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта, доколку сакате да го осигурате своето место, ве молиме да направите резервација на tiiiit.inc@gmail.com.

Жените и работата – тоа е главниот мотив на проектот Свет без жени. Авторките тргнуваат од истражувањето за структурните нееднаквости во театарот во Србија: родова нееднаквост, нееднаквост во плати, нормализирано насилство, репродукција на патријархални капиталистички матрици.

Истражувањето ги отвора прашањата: кој има право на работа, под кои услови и колку треба да биде/ат платен/а/и? Претставата ги пропрашува размерите на ангажираната уметност денес и  љубовта (кон уметноста) како најподмолен извор на социјална репресија.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Душан Марковиќ, корпоративниот маркетинг директор на Гемак Скопје добитник на престижното признание PRO PR Globe Awards

Редакција

Уште 3 дена до затворање на Sport Vision Bazaar во сала „Расадник“

Редакција

(Фото) Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло на наградната игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница