еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски нема да користи државна пензија, ќе работи како професор на Американ Колеџ

Поранешниот претседател Стево Пендаровски нема да користи државна пензија, која му следува по закон и ќе продолжи да работи како професор на Американ Колеџ, објави државната агенција МИА.

Тој и понтаму ќе биде обезбедуван од припадници на Министерството за внатрешни работи, согласно со безбедносните проценки што ги прават.

Ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен Кабинет.

-Во однос на административната и логостичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател, велат од неговиот тим за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Силјановска Давкова се всели, Пендаровски се исели од „Вила Водно“

Кој донирал за претседателската кампања на Стево Пендаровски

Фото: Пендаровски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во апартманот на убиениот Орхан Бајрами Оки имало и две жени

Редакција

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Редакција

Пратениците ќе се дружат со граѓаните: Собранието ќе организира караван низ повеќе градови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница