еМагазин
Image default
Бизнис

Микро и малите претпријатија бараат од Уставен суд да не застаруваат долговите

Се нижат барањата до Уставен суд да поведе постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи (ЗОО), пишува pari.mk.

Откако на седницата во јануари годинава Уставен реши да не поведува постапка за оценување дали измените, со кои извршувањето на долговите застарува за 10 години, се во согласност со највисокиот правен акт во државава, до Судот пристигна ново, трето барање за оценка.

Овој пат иницијативата е поднесена од лицето Доне Лазаревски, сопственик на фирма, кој бара да се укине членот 2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО каде е наведено дека членот 368 се менува. Лазаревски смета дека наведените законски измени негативно влијаат на понатамошното работење на фирмите, со оглед дека стоките уредно се испорачувани, а не можат да се наплатат со овие законски измени.

Исто така, Лазаревски наведува во најновата иницијатива дека овие измени ги доведуваат бизнисмените во положба дека е подобар избор да не се работи и да не се вложува во стопанството, отколку да се соочат со загуба на сопственоста поради законска заштита на должниците кои не го подмируваат долгот.

„Со донесување на законските измени за застареноста јас како сопственик на микропретпријатие повеќе од триесет години, кое уредно плаќам даноци, придонеси и други потребни давачки кон државата, сум принуден да престанам со работа, поради непостоењето на правната заштита на сопственоста и непостоењето на правната сигурност“, наведува Лазаревски во најновата трета иницијатива за оценка Уставноста на измените на ЗОО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За плати на Управниот одбор на Централна кооперативна банка лани исплатени 8,5 милиони денари бруто

Редакција

„Скопски пазар“ од трговска стана компанија за изнајмување имот

Редакција

За надоместоци за менаџментот на Жито лукс лани потрошени 13,8 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница