еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заканa за претседателката на Уставен, Кацарска, на нејзиниото паркинг место пронашла импровизиран кревет и нож

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска во Министерството за внатрешни работи (МВР) пријавила дека на нејзиното паркинг место во подземна гаража во скопски Центар пронашла импровизиран кревет и кујнски нож.

– На 14.05.2024 година во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираа од МВР.

За инцидентот е известен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од таму.

Фото: Уставен суд/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маска изречени 761 казни

Редакција

Двајца браќа на 21 и 26 годишна возраст починаа од Ковид-19

Редакција

Се подготвува одговор на барањето на Судот во Стразбур во врска со апликациите за предмети на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница