еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево време претпладне, попладне и утре нестабилно со поројни дождови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кои делови на Македонија се регистрирани најсилните земјотреси

Редакција

Новогодишната кошница се зголеми од 650 на 900 производи

Редакција

Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, потребна е помош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница