еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска времето нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Уште два дена од Garage sale во Рамстор

Редакција

Поранешниот претседател Иванов стана дедо, му се роди внук

Редакција

Времето денеска претпладне сончево, попладне и вечер нестабилно со пороен дожд и грмежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница