еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Постои замор од проширувањето и чекањето за влез во ЕУ, порача Сиљановска Давкова на состанокот на ПСЈИЕ

Добрососедските односи се градат со добра желба, дијалог и меѓусебна почит, само така се возможни прифатливи и одржливи решенија, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната завршна прес-конференција на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Скопје.

Таа додаде дека на патот кон ЕУ, постои замор од проширувањето, но постои и уште поголем замор со чекањето.

„Затоа во својство на претседавачи на ПСЈИЕ ги охрабрувам европските партнери да останат доследни, кредибилни и принципиелни кон европската идеја. Не е доволно да велите дека ЕУ е недовршена приказна и недовршена симфонија без Западниот Балкан, туку треба во оркестарот да го вклучите и Западниот Балкан, треба и тој ноти да пишува и да учествува во европските работи,“ истакна Сиљановска Давкова.

Визијата за ЕУ, како што дополни, нè одржува во демократска кондиција и нè фокусира на реформите, односно, ни помага на европски начин да ги затвораме отворените билатерални прашања.

Во однос на економската соработка, како што дополни, нам ни е потребно енергетско, инфраструктурно и дигитално поврзување, затоа што, според неа, регионалната економска интеграција има единствено потенцијал да го поттикне растот, да ја зголеми конкурентноста, да создаде можности за вработување и да одговори на демографските предизвици, односно егзодусот на младите со кој што се соочуваат сите во регионот.

Македонската претседателка кажа дека исклучително е важно членките на ЕУ кои се дел од Партнерството за соработка во ЈИЕ да ги поддржат земјите од Западен Балкан на европскиот пат.

Албанија од 1. јули го презема претседавањето со ПСЈИЕ.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка разгледува можност за присоединување на Стопанска банка Битола

Редакција

(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Доаѓам во Македонија, ја видов поканата на Заев, Охрид мора да го видам

Редакција

Безбедноста на вработените и на посетителите останува наш врвен приоритет, велат од “Ист гејт”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница