еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Почуствувајте го духот на Италија: Месец на италијански специјалитети во FOUR

Ресторан FOUR уште еднаш се погрижи да го понуди најдоброто за своите посетители и да ги воодушеви со големиот избор на специјалитети, проширувајќи ја својата понуда со автентични италијански деликатеси.

Мастер-шефот на ресторанот, Елефтерис Далагиоргос, овој пат нè носи на едно незаборавно гастрономско патување во Италија, каде што ќе уживаме во разновидната и неверојатно вкусна кујна на оваа посебна земја.

Италија е синоним за одлична храна и е една од најпопуларните кујни во светот. Подготвени по традиционални рецепти сите кои престојуваат во Скопје во месец октомври ќе имаат можност да уживаат во вкусот на италијанска салата со свежи домати, шпагети “Ала Путанеска”, рижото “Ал Аматрициана”, рижото “Примавера”, популарните италијански таљатели со вргањ и масло од тартуфи, пилешко “Ала Карбонара”, а за десерт вкусната италијанска чоколадна торта со сладолед од ванила.

За искуството да биде целосно, ресторанот одвои внимателно одбрани италијански вина кои совршено ги надополнуваат овие деликатеси.

Ги покануваме сите вљубеници во префинетиот италијански вкус, да ги пробаат кулинарските специјалитети подготвени од рацете на врвните шефови на ресторанот FOUR.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на Општата болница во Охрид

Редакција

Престижна награда за Завар дизајн “German Design Award 2020” во категоријата Excellent Product Design Energy

Редакција

„Брако“ донираше медицински помагала и подели новогодишни подароци на децата во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница